Билтен

Да добивате најновите вести од програмата, ве молиме внесете ја вашата e-mail.

Втор повик за проектни предлози на ИПА Програмата за прекуигранична соработка помеѓу Р.Бугарија и Р.Македонија

14.06.11 | 2-ри повик

Министерство за регионален развој и урбанизам на Република Бугарија
(Управувачки Орган)
Bulgaria_flag_0.jpg

во соработка со

Министерство за Локална самоуправа на Република Македонија
Macedonia.jpg(Национален орган)

објавуваат повик за проектни предлози за промоција на прекуграничната соработка помеѓу Бугарија и Македонија со финансиска помош од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Македонија.

Вкупната сума на средства кои што се на располагање за овој Повик за предлог проекти е 5 869 638 Евра за двете земји партнери. Проектните предлози мора да се однесуваат на една од следните две приоритетни области:

1.      Економски развој и социјално зближување

2.      Подобрување на квалитетот на живеење.

Општата цел ќе биде подобрување на способноста на локалните и регионалните власти да развијат и реализираат заеднички проект во рамките на граничниот регион во следните бугарски територијални единици според НУТС 3 нивото: Благоевград и Ќустендил и Македонските НУТС 3 статистички региони: Североисточен, Источен и Југоисточен.

Насоките за аплицирање и целиот апликационен пакет е достапен на следните веб страници: www.ipa-cbc-007.eu , www.mrrb.government.bg, www.eufunds.bg и www.mls.gov.mk.

Крајниот рок за поднесување на предлог проектите е 14 Септември 2011, до 16:00 часот, на адресата која што е напишана во Насоките за аплицирање на овој Повик за предлог проекти. Информативни денови за овој Повик за предлог проекти ќе бидат одржани во Бугарија и Македонија. Датумите и локацијата  за одржување на овие денови ќе бидат објавени  на следните веб страни http://www.ipa-cbc-007.eu/, http://www.mrrb.government.bg/, http://www.mls.gov.mk/.

Контакт за дополнителни информации: ЗТС Ќустендил: +389 78 55 11 83 mailto:jtsipakyustendil@gmail.com

Документи:

Покана   pdf.gifNotice_Call_MK.pdf (70.47 KB)

Формулар за аплицирање  rar.gifAF_IPACBC007_2nd_Call_final.rar (2.91 MB)

Насоки за аплицирање  pdf.gifNasoki_za_apliciranje_MKD.pdf (1008.95 KB)

Анекси - прилози   rar.gifAnnexes_BG___MK.rar (99.62 KB)