Билтен

Да добивате најновите вести од програмата, ве молиме внесете ја вашата e-mail.

Управувачки Орган (УО)

Правна основа за воспоставување и работа на Управувачкиот Орган:

РЕГУЛАТИВА НА КОМИСИЈАТА (ЕК) Број 718/2007 од 12 Јуни 2007 воспоставувајќи го Инструментот за пред пристапна помош (ИПА)
Член 9 - Компонента за прекугранична соработка, точка 3
Член 13 - Управување со помошта, известување, член 2

РЕГУЛАТИВА НА КОМИСИЈАТА (ЕК) Број 718/2007 од 12 Јуни 2007 спроведувајќи ја РЕГУЛАТИВАТА НА СОВЕТОТ (ЕК) број 1085 / 2006 воспоставувајќи го Инструментот за пред пристапна помош (ИПА)

Член 102 - назначување на органи
Член 103 - функција на управувачкиот орган

Партнерите на програмата Бугарија и поранешна југословенска Република Македонија се договорија дека одговорноста на Единствен Управувачки Орган (УО) ќе му се даде на Генералната Дирекција за Програмирање на Регионалниот Развој  на Министерството за Регионален развој и јавни работи на Република Бугарија.

Управувачкиот орган е задолжен за управување и извршување на прекуграничната програма сппред принципот на стабилно финанскиско управување и посебно за:

  • Гарантира дека операциите се избрани за финансирање врз основа на критериумите за аплицирање на прекуграничната програма и дека тие се во согласност со правилата за аплицирање на Заедницата и националните правила за време на целосниот период на имплементирање.
  • Гарантира дека постои систем за снимање и чување во компјутерска (електронска) форма на сметководствени белешки за секоја операција од прекуграничната програма и дека се соберени нопходните податоците за финансиско управување, мониторинг, проверка, ревизија и евалуација на имплементацијата.
  • Ја потврдува регуларноста на трошоците. За таа цел, се задоволува себеси со тоа дека трошоците на секој краен корисник кој што учествува во програмата се потврдени од контролорите.
  • Гарантира дека операциите се извршени во согласност со правилата за јавни набавки (усвоени од ЗКС) согласно член 121(1) од Регулативата на Комисијата (ЕК) број 718/2007 од 12 Јуни 2007; уверува дека крајните корисници и други тела учесници во извршувањето на операцијата одржуваат посебен сметководствен систем или соодветен сметководствен код (број) за сите трансакции кои што се поврзани со операцијата без кршење на националните сметководствени правила;
  • Гарантира дека авалуацијата на прекуграничната програма се врши во согласност со Член 109 од Регулативата на Комисијата (ЕК) број 718/2007 од 12 Јуни 2007;
  • Ги уредува процедурите за да обезбеди дека сите документи во однос на трошоците и ревизиските барање и за да обезбеди адекватна ревизиска трага се врз основа на барањата од Член 134 на Регулативата на Комисијата (ЕК) број 718/2007 од 12 јуни 2007;
  • Гарантира дека Органот за потврда ги примил сите неопходни информации за процедурите и потврдите од нив се во врска со трошоците за целта на издавање на потврдата.
  • Ги номинира Бугарските преставници и ја води работата на Заедничкиот Комитет за Следење и во соработка со Зедничкиот Технички Секретаријат му обезбедува документи неопходни за подобрување на квалитетот следење на извршувањето на прекуграничната програма;
  • Учествува во подготовката на описот на работа, селекција на експертите и потпишувањето на договорите со сите членови на ЗТС (главна и подрачна канцеларија);
  • Ги изготвува, и по одобрувањето на од ЗКС ги поднесува на Комисијата годишните и финансиските извештаи за имплементацијата на Регулативата на Комисијата (ЕК) број 718/2007 од 12 Јуни 2007;
  • Дава информации за програмата и повиците за предлог проекти во соработка со Заедничкиот Технички Секретаријат (ЗТС) како и обезбедува согласност барањата за информации и публицитет кои што стојат во Член 62 од Регулативата на Комисијата (ЕК) број 718/2007 од 12 Јуни 2007;
  • После селекционата процедура назначува финансиски контролери и оценувачи од Бугарска страна;
  • Ги потпишува рамковните спогодби и договори за јасни (точни) услуги со оценувачите и контролерите;
  • Ги уредува Спогодбите за извршување за секоја операција и влегува во договори (потпишување на договор) со водечкиот корисник;
  • Го врши мониторингот на програмата по прегледот на финансиските индикатори, како и идикаторите познати во Член 94 (1) (д);
  • Потпишува Меморандуми за разбирање во име на Р. Бугарија;
  • Одобрува било какви додатоци на договорот со водечкиот корисник кои што не го менуваат времетраењето и буџетот на проектот (пример: промена на адреса, банкова сметка, експерти и сл.)
  • Го поднесува до Комисијата описот на управувачкиот и контролниот систем предружен со извештајот со оценка на нивната согласност со Член 101 и 105 од Регулативата на Комисијата (ЕК) број 718/2007 од 12 Јуни 2007.