Календар

октомври 2022
пн вт ср чт пт сб нд
  1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31  

Билтен

Да добивате најновите вести од програмата, ве молиме внесете ја вашата e-mail.

Изложба "Европа за нас" собира заедно сите оперативни програми во Бугарија

28.05.12 | Новости

image008.jpgВо периодот 16-18 јуни 2012 година пред Националниот дворец на културата во Софија ќе се одржи специјализирана изложба "Европа за нас", што ќе ги собере заедно сите оперативни програми во Бугарија.

Иницијативата, која се одржува втора година по ред, е под покровителство на министерот за управување со средства од Европската унија Томислав Дончев. Организатор на настанот е Бугарскиот економски форум, а коорганизатор се Канцеларијата на Европската комисија во Бугарија и Митрополитот општина.

Во рамките на саемот со свој информативен штанд ќе учествуваат сите оперативните програми, вклучувајќи ја и Програмата за рурален развој и Оперативната програма за развој на сектор "рибарство".

Секој посетител ќе има можност да  разгледа информативни материјали на одделните европски програми и да се запознае со тековните и претстојните можности за аплицирање за финансирање со европски средства. На располагање на посетителите ќе бидат и претставници на Управувачкиот орган и структурните единици на програмите кои на самото место ќе ви обезбедат дополнителни информации и ќе одговараат на вашите прашања.

Тридневниот настан освен свечено отварање и шатори, ќе вклучува освен шатори и форум, кој е предвиден за последниот ден, 18 јуни 2012 година Темата на форумот е "научени  лекции од овој програмски период" и во него на прашањата на присутните ќе одговараат претставници на сите Оперативни програми, Програмата за рурален развој и Оперативната програма за развој на сектор "рибарство", Програмите за прекугранична соработка и др.

Настанот ќе биде придружен со интересни и забавни сценски настани, како и со многу изненадувања за публиката.

Влезот е слободен Повелете!