Регионален Консултативен Форум - Благоевград
Првиот круг на Регионални Консултативни Форуми заврши во Благоевград, каде на 7 март 2014 година во хотелот Езерец се одржа последната средба на која земаа учество над 30-тина претставници на локалните самоуправи и невладиниот сектор од Благоевградкиот регион како и неколку представници од општините од Македонија. На почетокот г-ѓа Асија Христова - претставникот на Министерството за Регионален Развој на Република Бугарија ги поздрави присутните, а потоа раководителот на ЗТС г-динот Николај Дочев ја претстави состојбата на програмата за периодот 2007-2013. Резултатите од анализите и предложените тематски приоритети беа презентирани од страна на експертот за планирање г-ѓата Елеонора Иванова од Конзорциумот за Проектно Планирање и Управување ангажиран за подготовка на идната IPA II прекугранична програма.