Календар

октомври 2022
пн вт ср чт пт сб нд
  1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31  

Билтен

Да добивате најновите вести од програмата, ве молиме внесете ја вашата e-mail.

Одржан состанокот на Заедничкиот Комитет за следење на програмата

14.03.11 | Новости

    Niki_mart_2011_05.jpg 
На 11.03.2011 година во градот Ќустендил се одржа седница на Заедничкиот комитет за следење на програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, кофинансирана од Инструментот за претпристапна помош на Европската комисија. 

Состанокот беше отворен од страна на г-ѓа Лилјана Павлова - заменик министер за регионален развој и јавни работи на Р Бугарија и г-дин Фарук Фератоски - заменик министер за локална самоуправа на Р. Македонија. На седницата присуствуваше и г-ѓа Натали Вершелде - претставник на главна дирекција Регионална политика на Европската комисија.

На состанокот беа одобрени за финансирање 36 проекти од Првата покана за предлог проекти со вкупна вредност од 6 980 436 евра. Главната цел на финансираните проекти е да обезбедат можности за заеднички иницијативи и практики за економска и социјална кохезија и подобрување на квалитетот на живот во прекуграничниот регион.  Niki_mart_2011_08.jpg



Заедничкиот комитет за следење го одобри буџетот за управување со програмата за 2011 година и планот за работа на Заедничкиот технички секретаријат за оваа година. Исто така беа разгледани подготовките и индикативниот датум за старт на Втората покана за предлог проекти.