Покана за тендер
Покана за учество на тендер „Разработка на модул во Информацискиот систем за управување со Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија, кофинансирана од Инструментот за претрпристапна помош" со референтен број 2007CB16IPO007-TA-2010-1
Главната дирекција „Управување на територијалната соработка" на Министерството за регионален развој и јавни работи (МРРБ) - Управувачки орган на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија - Македонија објавува процедура по правилата на Практичното упатство за доделување на договори за надворешни акции на ЕУ (ПРАГ) за „Разработка на модул во Информацискиот систем за управување со Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија, кофинансирана од Инструментот за претрпристапна помош".
Крајниот рок за поднесување на понудите е 12.03.2010 г. - 17.ч на следната адреса:
Министерство за регионален развој и јавни работи
1202 Софија, ул."Св. Кирил и Методиј" бр. 17-19.
ГД „Управување на територијалната соработка"
Оддел „ТГС - Надворешни граници" кат втори, сала 2.1
Тендерската документација можете да ја најдете на следниот линк:
2_TD_MIS_BG_MK_eng.rar (817.07 KB)