На 11.03.2011 година во градот Ќустендил во 10,00 часот ќе се одржи состанокот на Заедничкиот комитет за следење на програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, кофинансирана од Инструментот за претпристапна помош. На седницата ќе бидат предложени за одобрување за финансирање проекти од Првиот повик за предлог проекти.
Од бугарска страна ко-претседател на Заедничкиот комитет за следење е г-ѓа Лилјана Павлова - заменик министер за регионален развој и јавни работи, а од македонска г-дин Фарук Фератоски - заменик министер за локална самоуправа.
На состанокот ќе учествува и г-ѓа Натали Верскелде претставник на Главната дирекција "Регионална политика на Европската комисија.
Проектите предложени за финансирање се во вредност од околу 7 милиони евра, а нивната цел е да се обезбедат можности за заеднички иницијативи и практики за економска и социјална кохезија и подобрување на квалитетот на живот во прекуграничниот регион.