Календар

октомври 2022
пн вт ср чт пт сб нд
  1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31  

Билтен

Да добивате најновите вести од програмата, ве молиме внесете ја вашата e-mail.

Обука за потенцикалните апликанти во Крива Паланка на Првиот повик за предлог проекти на програмата за прекугранична соработка

28.10.09 | Новости

„Подготовка на предлог проект и пополнување на Формуларот за аплицирање"

10 Ноември 2009 г. општина Крива Паланка

Министерството за регионален развој и јавни работиFlag_BG.gif заедно со Министерството за локална самоуправаFlag_MK.gif со подршка на Заедничкиот Технички Секретаријат (Ќустендил) организираат Обука за потенцијални апликанти на Првиот повик за предлог проекти на Програмата за прекугранична соработка, ко-финансирана од Инструметот за претпристапна помош CCI Број 2007 CB16IPO 007.

Обуката ќе биде спроведена на 10 Ноември 2009 г, од 10:00 часот локално време во општина Крива Паланка, Сала на Советот на општина Крива Паланка - ул. Маршал Тито бр. 175

На 14 септември 2009г. беше објавен Првиот повик за предлог проети на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија, ко-финансирана од Инструментот за претпристапна помош, CCI Број 2007 CB16IPO007. Предвидениот буџет на овој Повик за предлог проекти е 4 131 652 Евра за двете земји партнери.

Проектните предлози мора да се однесуваат на една од следните две приоритетни области:

  1. Економски развој и социјално зближување

  2. Подобрување на квалитетот на живеење.

Програмата за обуката, како и целиот апликационен пакет вклучувајќи го и Упатството за аплицирање е достапен на следните веб страници: http://www.ipa-cbc-007.eu/ , http://www.mrrb.government.bg/, и http://www.mls.gov.mk/.

Крајниот рок за поднесување на предлог проектите е 14 Декември 2009, до 16:00 часот, на адресата која што е напишана во Насоките за аплицирање на овој Повик за предлог проекти.

Поканаpdf.gif (119.15 KB) 
Програма doc.gif(69.5 KB)  
Презентацииrar.gifPP_Kriva_palanka_mkd.rar (2.29 MB)