Првата верзија на Насоките за аплицирање за Програмата за прекугранична соработка ИПА II помеѓу Република Бугарија и Република Македонија е на располагање за јавна расправа. Потенцијалните кандидати, како и други заинтересирани организации и поединци, се поканети да ги испратат своите предлози и коментари до 20 мај 2015 година на следнава електронска адреса: jtsipakyustendil@gmail.com.
Важни забелешки:
- Првата верзија на Насоките се базира на програмскиот документ кој е во процес на разгледување од страна на Европската комисија. Оттука, како Програмскиот документ, така и насоките можат да се менуваат по официјалното одобрување на Програмата за прекугранична соработка ИПА II помеѓу Република Бугарија и Република Македонија и после одобрувањето од Заедничкиот комитет за следење;
- Презентираните документи се само прелиминарна верзија на идните официјални насоки и на нивното објавување не треба да се гледа како објавување на Повик за изготвување и поднесување на проектни предлози. Ве молиме не испраќајте проектни предлози пред објавувањето на официјалната покана за проектни предлози.
Првата верзија на насоките може да ja најдете ТУКА: