Календар

октомври 2022
пн вт ср чт пт сб нд
  1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31  

Билтен

Да добивате најновите вести од програмата, ве молиме внесете ја вашата e-mail.

Публикувана е нова дополнета верзија на ПРАГ

29.01.13 | Новости

Управувачкиот орган ве информира дека Практичниот водич за договорни процедури на ЕУ за надворешните активности (PRAG) е надграден во јануари 2013 година.

Во оваа смисла, би сакале да го насочиме вашето внимание на соодветните инструкции во Упаството за имплементација на проектите, кој е применлив за проектите финансирани во рамките на Првиот и Вториот повик за проектни предлози: "Ве молиме, имајте во предвид дека во текот на имплементацијата на проектот, PRAG може да се измени. Во случај на значителни промени во правилата и процедурите на PRAG, УО ќе ги одрази релевантните промени во PIM (Упаството за имплементација на проекти). Сепак, корисниците имаат обврска да ја следат најновата верзија на PRAG и да ги применуваат соодветните процедури и анекси. Во случај на промена на PRAG правилата/анексите, постапките објавени пред стапувањето во сила на новата верзија, ќе бидат набавени и договорени според претходната верзија на Водичот". Затоа, новата верзија на PRAG треба да се применува за сите постапки кои не се започнати.

Промените во праговите според PRAG, исто така, можат да влијаат на видовите на постапки за јавни набавки, кои сеуште не се објавени, а се одобрени во планот за јавни набавки. Во такви случаи, Водечкиот партнер треба да побара измена на планот за јавни набавки според утврдените правила во PIM (Упаството за имплементација на проекти).