Календар

октомври 2022
пн вт ср чт пт сб нд
  1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31  

Билтен

Да добивате најновите вести од програмата, ве молиме внесете ја вашата e-mail.

Околу 270 потенцијални корисници беа обучени за подготовка на проектни предлози во рамките на Третиот Повик

22.01.13 | Новости

info_days_39__2_.jpgНа одржаната обука за потенцијалните корисници во Благоевград, 16 јануари 2013 година, беше покажан голем интерес од страна на  претставниците на локалните власти, невладините организации и институции за Третиот повик за прибирање на проектни предлози на ИПА Програмата за прекугранична соработка  CCI 2007CB16IPO007.

Обуката на тема "Подготовка на предлог-проект и пополнување на формуларот за аплицирање" беше организирана од Министерството за регионален развој и јавни работи (Управувачки Орган) со поддршка на Заедничкиот Технички Секретаријат на Програмата и на истата учестваа над 120 потенцијални кандидати.

Експертите од Управувачкиот Орган и Заедничкиот технички секретаријат пред учесниците од Бугарија ги презентираа основните насоки како да планираат проекти и да подготват проектен предлог и како да го пополнат формуларот за аплицирање. Експертите одговорија и на актуелни прашања поврзани со управувањето со Програмата и поднесувањето на проектите за Третиот повик.

rar.gifPresentations_Info_days_3_Call_BG.rar (4.01 MB)

info_days_83.jpgНа 17 јануари 2013 година во Штип, исто така, се одржа обука "Подготовка на проектен предлог и пополнување на формуларот за аплицирање“ наменета за потенцијалните апликанти од македонска страна. Обуката беше организирана од страна на Министерството за локална самоуправа (Национален орган) со поддршка на Заедничкиот Технички Секретаријат.

На обуката во Штип учествуваа над 150 заинтересирани кандидати. Експертите од Управувачкиот орган, Националниот орган и Заедничкиот Технички Секретаријат дадоа практични насоки на потенцијалните македонски корисници за подготовка на проектните предлози и пополнување на електронскиот формулар за аплицирање, а одговорија и на поставените прашања.

 info_days_46__2_.jpgrar.gifPresentation_Info_days_3_Call_MK.rar (3.89 MB)