Регионален Консултативен Форум - Штип
На 27 февруари 2014 година во Штип во хотелот Оаза се одржа вториот Регионален Консултативен Форум кој е дел од подготовките за новата IPA II програма за прекугранична соработка Бугарија – Македонија за програмскиот период 2014-20120 година. На овој форум учествуваа над 50-тина представници на заинтересираните страни од Источниот плански регион, како и представникот на Министерството за локална самоуправа на Р.М. г-дин Арсим Фидани и раководителот на Заедничкиот Технички Секретаријат од Ќустендил г-дин Николај Дочев. Пред присутните г-ѓа Јасминка Тасева Јанковиќ експерт од Конзорциумот за Проектно Планирање и Управување детално ги образложи досегашните активности, анализи, резултати како и предложените тематски приоритети .