Календар

октомври 2022
пн вт ср чт пт сб нд
  1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31  

Билтен

Да добивате најновите вести од програмата, ве молиме внесете ја вашата e-mail.

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ!!!

11.10.11 | Новости

НА ВНИМАНИЕТО НА KOРИСНИЦИТЕ НА ДОГОВОРИ ЗА ГРАНТ ОД ПРВИОТ ПОВИК

Почитувани корисници,

Имајќи го предвид доцнењето на почетокот на исполнувањето на договорите за грант од Првиот повик и влегувањето во есенско-зимскиот период, Управувачкиот орган апелира за максимална мобилизација во спроведувањето на утврдените активности за месец октомври и ноември, како и навремено надминување на доцнењето во првиот квартал.

Управувачкиот орган им препорачува на Водечките партнери да посветат особено внимание на временскиот распоред на договорите за грант и во случај на потреба од нивна ревизија треба навремено да го известат Заедничкиот технички секретаријат и Управувачкиот орган. Во овој контекст особено внимание треба да обрнат Водечките партнери на проектите со инвестициски компонента, со оглед на објективната неможност за исполнување на дел од градежните активности во претстојниот зимски период.

Со цел поддршка корисниците од Првиот повик за навремено исполнување на утврдените активности од договорите за грант Управувачкиот орган изврши претфинансиски плаќања (аванс) по договорите за грант и обезбеди можност на сите корисници, кои направиле трошоци во вредност од над 2000 евра да побараат враќање на трошоците од програмата на месечна база.

Управувачкиот орган потсетува дека корисниците може да побараат враќање на трошоците од програмата, во случај кога за првиот квартал извршиле трошоци во вредност од над 1000 евра (вклучувајќи авансно плаќање на договори со подузведувачи).

Заедничкиот технички секретаријат и Управувачкиот орган се подготвени да одговорат на сите прашања и предлози во врска со исполнувањето на договорите за грант, со цел минимизирање на можноста за одложување на постапките за подизведување и временскиот распоред, како и минимизирање на можноста за продолжување за исполнување на договорите за грант.