Календар

октомври 2022
пн вт ср чт пт сб нд
  1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31  

Билтен

Да добивате најновите вести од програмата, ве молиме внесете ја вашата e-mail.

Состанок на Заедничкиот Комитет за следење на програмата

28.03.12 | Новости

 

  На 30.03.2012 година во градот Берово ќе се одржи состанокот на Заедничкиот комитет за следење на програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, кофинансирана од Инструментот за претпристапна помош. На седницата ќе бидат предложени за одобрување за финансирање проекти од Вториот повик за предлог проекти.

Од бугарска страна ко-претседател на Заедничкиот комитет за следење е г-дин Николај Нанков - заменик министер за регионален развој и јавни работи, а од македонска страна г-дин Сашо лазаровски - Заменик министер во Министерството за локална самоуправа.

На состанокот ќе учествува и г-ѓа Ана Репуло Грау претставник на Главната дирекција "Регионална политика" на Европската комисија.

Проектите предложени за финансирање се во вредност од околу 9 милиони евра, а нивната цел е да се обезбедат можности за заеднички иницијативи и практики за економска и социјална кохезија и подобрување на квалитетот на живот во прекуграничниот регион.