Денот на Европската соработка беше одбележан во Европа за првпат на 21 Септември 2012 година. 75 европски програми за територијална соработка со повеќе од 100 локални настани го прославија денот на европска соработка во цела Европа во периодот од 17 до 23 Септември. Целта на кампањата за прослава на денот на Европска соработка, која што беше координирана од програмата ИНТЕРАКТ во соработка со Европската комисија и со подршка на комитетот на регионите и Европскиот парламент беше да се одбележат достигнувањата во соработката помеѓу европските региони и држави.
Заедничкиот технички секретаријат на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија и Р.Македонија заедно со Министерството за регионален развој и јавни работи на Р.Бугарија и Министерството за локална самоуправа на Р.Македонија организараа „Саем на прекугранични проекти" кој што се одржа во Ќустендил, Р.Бугарија на 21 Септември 2012 година од 11 часот.
Официјални гости на настанот беа нивните екселенции г-дин Благој Ханџиски амбасадор на Р.Македонија во Р.Бугарија и г-дин Иван Петков амбасадор на Р.Бугарија во Р.Македонија.
Настанот официјално беше отворен од страна на г-ѓа Марија Дузова, директор на главната дирекција „Управување со територијалната соработка при МРРБ на Р. Бугарија и г-ѓа Мјелма Мехмети Петерсен, државен советник за евроинтеграции во МЛС на Р.Македонија.
Еднодневниот саем на прекугранични проекти се одржа на на плоштадот „Велбужд" каде што на специјалните прекугранични штандови претставниците на сите проекти финансирани во рамките на Првиот повик за предлог проекти ги презентираа своите резултати од проектот и дистрибуираа промотивен материјал ( брошури, летоци, книги, CD-а, слики и др.) На главната сцена пак Бугарски и Македонски изведувачи и ансамбли на ора и песни го збогатија настанот и придонесоа за доброто расположение на саемот.