Календар

октомври 2022
пн вт ср чт пт сб нд
  1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31  

Билтен

Да добивате најновите вести од програмата, ве молиме внесете ја вашата e-mail.

Комитетот за следење на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија одржа состанок во Благоевград

15.10.13 | Begin

На 10-ти октомври 2013 год., во Благоевград, Бугарија се одржа состанок на Заедничкиот комитет за следење (ЗКС) по Програмата за прекугранична соработка ИПА Бугарија - Македонија. Со состанокот преседаваше г- ѓа Климентина Денева, Главен секретар на Министерството за регионален развој на Република Бугарија, а од страна на Националниот орган на Програмата ко-претседавач беше г-ѓа Мјелма Мехмети - Петерсен - државен советник за европска интеграција во Министерството за локалната самоуправа на Република Македонија и ИПА координатор. Исто така учество во седницата зеде и г- ѓа Ан - Јасмин Крабач, претставник на Генералниот директорат "Регионална политика" на Европската комисија, Брисел.

Заедничкиот комитет за следење, кој вклучува претставници од државните администрации на двете земји, како и претставници од невладините организации и регионалните/локалните администрации од прекуграничниот регион, дискутираше за напредокот во исполнувањето на програмата, резултатите од времената евалуација, како и за проектите предложени за финансирање по Третиот повик за проектни предлози.

Комитетот одобри финансирање на 21 проект од Приоритетните оски 1 и 2 по Третиот повик за кои се обезбедени потребните средства, како и финансирање на 6 проекти од резервната листа од заштедените средства при имплементација на проектите од првиот и вториот повик. Проектите опфаќаат повеќе области - економски развој и социјална кохезија, подобрување на квалитетот на живот во прекуграничниот регион, користење на еколошките и културните ресурси на регионот. Активностите кои ќе бидат финансирани се поврзани со градење на инфраструктура од мал обем во регионот во наведените области, како и "меки мерки" - поврзани со размена на добри практики, развој на стратегии и анализи за развојот на регионот, истражување на можностите за развивање на идни заеднички инвестициски проекти, културна размена и др.

Листата на договорите за грант ќе биде објавена на официјалната интернет страница на Програмата веднаш по склучувањето на договорите помеѓу Управувачкиот орган и Водечките партнери.

  IMG_0715.JPGIMG_0718.JPGIMG_0717.JPG