Форумот за пронаоѓање на партнери по Првиот повик за проектни предлози се одржа на 12-ти ноември 2015 година во Сандански, Бугарија. Повеќе од 120 учесника од Бугарија и Македонија присуствуваа на настанот. Целта на Форумот беше да им се овозможи на организациите кои сакаат да поднесат проектни предлози по Програмата за прекугранична соработка Интерег-ИПА Бугарија-Македонија, но немаат создадени партнерски односи, да воспостават контакти со потенцијални партнери.
За време на првиот дел од настанот, претставниците на Заедничкиот секретаријат ги презентираа основните принципи и правила поврзани со изградбата и примената на успешни партнерства во рамките на Програмата додека потенцијалните кандидати имаа можност да ги претстават своите организации и проектни идеи.
За време на вториот дел од настанот, претставниците на Заедничкиот секретаријат координираа три групи за дискусија за секоја од трите приоритетни оски: Животна средина, Туризам и Конкурентност.
Форумот за пронаоѓање на партнери го одбележа крајот на информативната кампања по првиот Повик за проектни предлози. Кампањата вклучуваше 2 настана за отворање, 2 информативни дена во Бугарија, 3 информативни дена во Македонија, како и Форум за пронаоѓање на партнери.
Во целата информативна кампања заедно со Форумот за пронаоѓање на партнери учествуваа над 500 учесници од над 270 различни субјекти.
Управувачкиот орган, Националниот орган и Заедничкиот секретарите изразуваат голема благодарност за активното учество на спроведените настани и ги потсетуваат сите заинтересирани дека крајниот рок за предавање на проектните предлози е 25-ти јануари 2016 година, 16:00 часот. Бугарско време, на адреса на Заедничкиот секретаријат: ул. Марин Дринов бр.7, Ќустендил, Бугарија.
Прашањата на кандидатите можат да бидат поставувани до 21 дена пред крајниот рок, а одговорите ќе бидат објавени до 11 дена пред крајниот рок.