Календар

октомври 2022
пн вт ср чт пт сб нд
  1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31  

Билтен

Да добивате најновите вести од програмата, ве молиме внесете ја вашата e-mail.

Јавна дискусија

03.02.14 | Begin

Јавна дискусија со прашалник

Во текот на месец Ноември 2013 г., со првата седница на Заедничката Работна Група, беше започнат процесот за подготовка на програмата за Прекугранична Соработка по Инструментот за Претпристапна Помош меѓу Бугарија и Република Македонија 2014 – 2020 г. Програмата се подготвува врз основа на резултатите од така наречената ситуациска анализа која истражува повеќе социјално – економски фактори (економија, инфраструктура, транспорт, животна средина, демографија, пазар на трудот, образование, културни односи и др.), редовните консултации и примените од заедничката работна група предлози, како и предлозите на соодветните заинтересирани страни во прекуграничниот регион. Дополнително ќе бидат земени во предвид и резултатите од исполнуваните претходни програми за соработка. Во согласност со новите насоки за развој на европската кохезивна политика, во програмскиот период 2014 – 2020 г. ќе биде барана поголема тематска концентрација врз програмите за прекугранична соработка.

Во врска со тоа, важен чекор во процесот на изготвување на програмата, е извршувањето консултации со заинтересираните страни во однос на формата и содржината на идната програма. Оваа широка јавна дискусија има за цел да го даде својот суштински придонес кон целосниот процес на програмирање преку споделеното искуство и ноу-хау на сите заинтересирани учесници. Освен тоа, дискусијата треба да помогне за идентифицирањето на посебни услови и очекувања во врска со новата програма меѓу потенцијалните целни групи.

Во врска со погоре наведеното, Ви предлагаме прашалник, преку кој секое заинтересирано лице може да го даде неговиот придонес во разработувањето на идната програма за Прекугранична Соработка по Инструментот за Претпристапна Помош меѓу Бугарија и Република Македонија (2014 – 2020 г.). Целта на овој прашалник е да собере информација за вашите очекувања во однос на опсегот и содржината, како и за други важни аспекти во идната програма.

Прашалникот можете да го отворите и пополните на следниот линк:  http://poll.oir.at/survey_BG_FYROM не подоцна од 14 февруари 2014 г.

 

Ви благодарам за соработката! 

 

ПРЕВЗЕМЕМЕТЕ ОД  ТУКА    Letter of support  Questionnaire