Министерството за регионален развој и јавни работи (Управувачки орган), заедно со Министерството за локална самоуправа (Национален орган), со поддршка на Заедничкиот Технички Секретаријат (Ќустендил) организираа информативни денови и обука за Втората покана за предлог проекти на Програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Македонија, ко-финансирана од Инструментот за претпристапна помош.
Настаните се одржаа на 13 јули 2011 година во гр.Струмица, Македонија и на 15 јули 2011 година во градот Ќустендил, Бугарија.
Експертите од Министерството за регионален развој и урбанизам (УО), на Министерството за локална самоуправа (НО) и на ЗТС ги претставија целите на програмата и дадоа детални објаснувања за насоките за аплицирање, подготовка на Предлог-проектот и пополнување на Формуларот за аплицирање, како и одговорија на конкретни прашања на учесниците.
На 14 јуни 2011 година започна собирањето на проектни предлози за Програма за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија, ко-финансирана од Инструментот за претпристапна помош, CCI Број 2007CB16IPO007. Предвиден буџет за овој Повик за предлози изнесува 5 869 638 евра.
Проектните предлози треба да спаѓаат во една од двете приоритетни оски:
1. Економски развој и социјална кохезија
2. Подобрување на квалитетот на живот
Крајниот рок за поднесување на проектните предлози е 16:00 часот по локално време на 14 септември 2011 година на адресата наведена во Упатството за аплицирање за овој Повик за предлог проекти.
Strumica_13_07_2011.pdf (1.28 MB) Presentations_2_Call_MK.zip (2.53 MB)
Kyustendil_15_07_2011.pdf (1.74 MB) Presentations_2_Calls_BG.zip (4.14 MB)