Европскиот ден за соработка ги слави придобивките и постигнувањата на територијалната соработка преку локални настани во и околу Европа на 21-ви септември 2014 година.
По тој повод програма INTERACT, заедно со Европската комисија, организира видео конкурс "Гранични проблеми, гранични решенија" отворен за:
- Европски проекти
- Програми за прекугранична, транснационална и меѓурегионална соработка,
- Програми кофинансирани од Инструментот за претпристапна помош (IPA),
- Програми кофинансирани според Инструментот за европско соседство и партнерство (ENPI)
- Индивидуални филмски работници,
кои можат да ги споделат своите видеа во кои се нагласуваат резултатите и придобивките на соработката во Европа.
Повеќе информации за конкурсот можете да најдете ТУКА