Календар

октомври 2022
пн вт ср чт пт сб нд
  1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31  

Билтен

Да добивате најновите вести од програмата, ве молиме внесете ја вашата e-mail.

Фото Конкурс "Убавината на прекуграничниот регион"

28.07.14 | Begin

ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија CCI 2007CB16IPO007 во рамките на прославата на Европскиот ден нa соработка 2014 организира Фото Конкурс "Убавината на прекуграничниот регион". Конкурсот е отворен од 28 јули 2014 до 17 септември 2014  и заинтересираните аматерски или професионални фотографи можат да учествуваат со свои фотографии во сите категории (пејсаж, луѓе, настани и друго) снимени на територијата на прекуграничниот регион. Победничките фотографии заедно со избраните фотографии ќе бидат изложени на изложбите кои  ќе се одржат во септември, како дел од прославата на Европскиот ден на соработка.

Официјални правила за учество на Фото Конкурсот  "Убавината на прекуграничниот регион":

 1. Организатор Фото Конкурсот  е Заеднички Технички Секретаријат на ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија  CCI 2007CB16IPO007  (во натамошниот текст: Организатор) под покровителство на Управубачкиот орган - Министерство за регионален развој на Република Бугарија и Националниот орган - Министерство за локална самоуправа на Република Македонија.

2. Конкурсот е отворен од 28 јули 2014 до 17 септември 2014.

3. Конкурсот е на тема: "Убавината на прекуграничниот регион", а фотографиите можат да бидат во следните категории: пејзажи, луѓе, настани и други, единствен услов е тие да се направени во прекуграничниот регион (Северо-источниот, Источниот  и Југо-источниот регион во Македонија и областа Ќустендил и областа Благоевград во Бугарија).

4. Фотографиите за конкурсот може да се праќаат од 28 јули 2014 до 5 септември 2014 година на  e-mail адресата: thebeautyofcbr@gmail.com.

5. Жирито од експерти ќе одлучува за победниците од 6 септември 2014 до 15 септември 2014 година

6. Јавно гласање за најдобрите фотографии преку веб-сајтот ќе се врши на Фејсбук страницата на ИПА Програмата за прекугранична соработка. Жирито на експерти и гласовите на посетителите ќе ги утврдат финалистите за кои ќе се гласа на  страната од 6 септември 2014 до 14 септември 2014 година. Финалистот чија фотографија ќе добие најголем број гласови на посетителите во овој период ќе биде прогласен за победник на  фото конкурс од публиката. Секој корисник може да додели еден глас на една фотографија .

7 Фотографијата мора да биде во електронски формат: JPEG, ширина од најмалку 300 пиксели, максималната големина до 5 MB. Дозволени се само корекции на боја и острина. Фотографиите кои имаат други видови на интервенции нема да бидат прифатени.

8. Еден учесник може да учествува со неограничен број на фотографии.

9. Организаторот го задржува правото да ја прифати или одбие било која фотографија за која смета дека се вклопува или не во темата на конкурсот или технички не ги исполнува минималните критериуми кои утврди организаторот, без дополнително објаснување. Забрането е да се достави (испрати) фотографија со навредлива, или порнографска содржина.

10. Организаторот не е обврзан на учесниците чии фотографии се прифатени да им  испрати е-маил со известувањето за прифаќање на фотографите.

11. Стручното жири ќе ги избере победничките  фотографиии на конкурсот, како и победничките фотографи  (4 фотографии)

12. Наградите ќе бидат официјално доделени во септември 2014 година на изложбите кои ке бидат организирани во рамките на одбележувањето на Европскиот ден на соработка. Победничките автори и фотографии ќе бидат објавени на веб страната на ИПА Програмата .

13. Фотографиите кои ги испраќаат учесниците мора да бидат со регулирани авторски права, и тие треба да бидат автори на овие фотографии. Оние лица кои испратиле фотографии на конкурсот мора да имаат стекнато авторски права на фотографиите според важечките закони за авторски права. Строго забрането е копирање на било каква содржина без дозвола. Организаторот ја отфрла одговорноста за повреда на правата на трети лица. Ако организаторот се посомнева дека некој поставува слика на која нема право може да побара дополнителен доказ за авторство или без дополнително објаснување да ја исфли од конкуренција. Учесниците мора да бидат подготвени по барање на организаторот да  достават фотографија со висока резолуција.

14. Организаторот има право да ги користи сите фотографии и да ги  објавува во било која форма и во било кој медиум. Притоа, организаторот ке се труди фотографиите да се идентификуваат со името на авторот, но не одговара доколку редакција на некој друг медиум не го стори тоа. Организатор е ослободен од какви било побарувања  од страна на авторот на фотографиите кои учествуваат во конкурсот.

15. Употребата на било каков вид на компјутерски код, вируси, или нешто друго  што може да се предизвика  оневозможување, штета или злоупотреба на гласањето е забрането. Таквите активности може да доведат до елиминација на учесниците од конкурсот и / или забрана за гласање на оној кој ги прекршил овие правила. Ако организаторот процени или се сомнева дека некои од учесниците на било кој начин фабрикуваат гласови (ненадејни промени во бројот на гласови, какви било индикации за манипулација), го задржува правото да ги дисквалификува од конкуренцијата и да ги игнорира нивните гласови без понатамошно објаснување.

16. Поставување на  коментари и дискусии се дозволени во текот на натпреварот, но само ако се во границите на пристојност и не се навредливи по расна, верска, етничка, полова или било која друга дискриминација.

17. Непочитувањето на горенаведените правила ќе биде предмет на дисквалификација од фото конкурсот.

18. Доколку  ја пријавите Вашата фотографија за фото конкурсот, Вие ги прифаќате условите утврдени во претходниот став.

19. Сите жалби и барања ги решава  организаторот на конкурсот. Жалбите можат да се испраќаат по електронски пат на контакт адресата: thebeautyofcbr@gmail.com во рок од 24 часа од моментот на објавувањето на победникот. Организаторот е должен да ја разгледа жалбата и да одговори на неа во рок од 2 работни дена по истекот на рокот за поднесување жалба.

 

28 јули 2014 година

ИПА Програма за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија

CCI 2007CB16IPO007