На 30.03.2012 година во градот Берово, Република Македонија се одржа состанок на Заедничкиот комитет за следење на програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, кофинансираната од Инструментот за претпристапна помош.
Состанокот беше отворен од страна на двајцата ко претседавачи г-дин Сашо Лазаровски заменик-министер за локална самоуправа на Република Македонија и г-дин Николај Нанков заменик-министер за регионален развој и јавни работи. На состанокот учествуваше и г-ѓа Ана Репуло-Грау претставник на Главната дирекција "Регионална политика" на Европската комисија.
Во рамките на состанокот беше направен компаративен преглед на резултатите од Вториот повика за аплицирање на програмата, анализа на состојбата на тековните проекти од Првиот повик, како и дискусија за подготовка на следниот Третиот повик за аплицирање на програмата.
На состанокот беа одобрени за финансирање 21 проект во вредност од околу 5,5 милиони евра, а беше донесена и одлука за одобрување на уште 12 проекти во вкупна вредност од над 3 милиони евра чии што договори ќе бидат потпишани по конечното одобрување на финансиските параметри за 2012 година од страна на Европската комисија.
Press_release_JMC_Berovo_30.03.2012.pdf (501.11 KB)