Календар

октомври 2022
пн вт ср чт пт сб нд
  1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31  

Билтен

Да добивате најновите вести од програмата, ве молиме внесете ја вашата e-mail.

Саем на прекугранични проекти

12.09.12 | Новости

Заедничкиот технички секретаријат на ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија и Р,Македонија, заедно со Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија (Управувачки орган) и Министерството за локална самоуправа на Република Македонија (Национален орган), имаат огромно задоволство да Ве поканат да присуствувате на "Саем на прекугранични проекти " кој ќе се одржи во градот Ќустендил на 21 Септември 2012 година.

Овој локален настан е дел од пилот иницијативата на ИНТЕРАКТ и неколку волонтерски програми со фокус на промоција Европската територијална соработка (ETC) на широката публика преку прослава на Европскиот ден на соработка (21-ви септември). Оваа година јавни настани по повод Европскиот ден на соработка ќе се одржат во текот на неделата од 17-23 септември низ цела Европа (http://www.ecday.eu/).

Како дел од големото Европско семејство, ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија и Р.Македонија се стреми да ја подигне свеста и да ги промовира можностите кои Европската територијална соработка ги дава на соседните земји. Токму организацијата на овој саем на прекугранични проекти има за цел да ги собере корисниците на програмата, новинарите и пошироката јавност со цел да се разменат информации, успешни приказни и добро искуство во европската тероторијална соработка.

Еднодневниот саем на прекугранични проекти ќе се одржи на 21 Септември 2012 на плоштадот „Велбужд" (во центарот на Ќустендил), со почеток во 11 ч локално време каде што на специјалните прекугранични штандови ќе бидат достапни претставниците на сите проекти од Првиот повик за предлог проекти да ги презентираат своите резултати од проектот и да дистрибуираат промотивен материјал ( брошури, летоци, книги, CD-а, слики и др.) На главната сцена пак Бугарски и Македонски изведувачи и ансамбли на ора и песни ќе придонесат за доброто расположение на саемот.

Се надеваме на ваше присуство на саемот !