Календар

октомври 2022
пн вт ср чт пт сб нд
  1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31  

Билтен

Да добивате најновите вести од програмата, ве молиме внесете ја вашата e-mail.

Информативна кампања за Првиот повик за поднесување на проектни предлози по Програмата за прекугранична соработка Интерег - ИПА Бугарија - Македонија на територија на Република Македонија

23.10.15 | Begin

Заедничкиот секретаријат на Програмата за прекугранична соработка Интеррег - ИПА Бугарија-Македонија има задоволство да ги покани сите заинтересирани лица да земат учество на информативните денови во врска со Првата покана за проектни предлози  планирани да се одржат на територијата на Република Македонија во периодот 28.10. 2015 - 30.10.2015 година, по следниот распоред:

• Информативен ден со отворање на информативната кампања во град Крива Паланка на 28-ми октомври 2015 година (среда), во салата на Општина Крива Паланка. Почетен час за регистрација на учесниците - 10:30ч. Програмата на настанот може да ја најдете ТУКА.

• Информативен ден во град Пробиштип на 29-ти октомври 2015 година (четврток) во салата на Хотел "Сан Нико". Почетен час за регистрација на учесниците - 10:30ч. Програмата на настанот може да ја најдете ТУКА.

• Информативен ден во град Гевгелија на 30-ти октомври 2015 година (петок) во салата на Хотел "Аполонија". Почетен час за регистрација на учесниците - 10:30ч. Програмата на настанот може да ја најдете ТУКА.

На Информативните денови експерти од Управувачкиот орган, Националниот орган и Заедничкиот секретаријат на Програмата ќе ги претстават следниве основни теми:

• Барања за апликација по Повикот за проектни предлози;

• Структура на предлог проектот и пополнување на формуларот за апликација;

• Развивање на буџет на проектот и подобност на трошоците. 

Покрај тоа, сите учесници ќе имаат можност да постават конкретни прашања во врска со развојот на проектните идеи и предлози, барањата за апликација, пополнувањето на документите и др.

Го очекуваме Вашето присуство!