На 21 септември секоја година под покровителство на Европската комисија и Европскиот парламент се празнува Европскиот ден на соработка со кој се одбележуваат достигнувањата на 20 годишната територијална соработка во Европа. Во изминатите две изданија во стотиците локални настани организирани од територијалните програми за соработка во повеќе од 30 земји, под мотото “Заедничките граници не прават поблиски“ граѓаните на прекуграничните региони ги споделуваа позитивните придобивки од територијалната соработка.
Оваа година на 17 и 18 септември Заедничкиот Технички Секретаријат на ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија организира прослава на Европскиот ден на соработка во Благоевград и Штип.
Празнувањата ке се реализираат под патронат на Министерството за регионален развој (Р. Бугарија) и Министерството за локална самоуправа (Р. Македонија) на 17 септември во Благоевград и на 18 септември во Штип.
Настаните ке се состојат од отворање на изложби на фотографии од фото конкурсот “Убавината на прекуграничниот регион” од 18 часот во холот на општина Благоевград и во уметничката галерија Безистен во Штип и поп-рок концерти “Заедничките граници не прават поблиски“ од 20 часот. На концертите кои ке се одржат на плоштад Македонија во Благоевград и на малиот градски плоштад во Штип ке учествуваат TV Rage од Куманово, Визија од Скопје и Chainsaw Babies од Велинград –учесници на конкурсот за избор на најдобра песна од прекуграничниот регион и Hot Line од Штип .
Заедничкиот Технички Секретаријат на ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија има задоволство да Ве покани да ни се придружите во празнувањето на постигањата на Европската територијална соработка во нашиот регион на 17 и 18 септември 2014 година во Благоевград и Штип.