Календар

октомври 2022
пн вт ср чт пт сб нд
  1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31  

Билтен

Да добивате најновите вести од програмата, ве молиме внесете ја вашата e-mail.

Информативна кампања за Првиот повик за поднесување на проектни предлози по Програмата за прекугранична соработка Интерег - ИПА Бугарија - Македонија 2014-2020

15.10.15 | Begin

Заедничкиот секретаријат на Програмата за прекугранична соработка Интеррег - ИПА Бугарија-Македонија има задоволство да ги покани сите заинтересирани лица да земат учество на информативните денови во врска со Првата покана за проектни предлози  планирани да се одржат на територијата на Република Бугарија во периодот 23.10. 2015 - 27.10.2015 година, по следниот распоред:

• Информативен ден со отворање на информативната кампања во град Благоевград на 23-ти октомври 2015 година (петок), во Конгресната сала 1 на хотел "Езерец". Почетен час за регистрација на учесниците - 10:30. Програмата на настанот може да ја најдете ТУКА.

• Информативен ден во град Ќустендил на 27-ми октомври 2015 година (вторник) во салата на Парк-хотел "Ќустендил". Почетен час за регистрација на учесниците - 10:30. Програмата на настанот може да ја најдете ТУКА.

На Информативните денови експерти од Управувачкиот орган и Заедничкиот секретаријат на Програмата ќе ги претстават следниве основни теми:

• Барања за апликација по Повикот за проектни предлози;

• Структура на предлог проектот и пополнување на формуларот за апликација;

• Развивање на буџет на проектот и подобност на трошоците. 

Покрај тоа, сите учесници ќе имаат можност да постават конкретни прашања во врска со развојот на проектните идеи и предлози, барањата за апликација, пополнувањето на документите и др.

Го очекуваме Вашето присуство!

>>Распоредот за спроведување на Информативната кампања на територијата на Република Македонија ќе биде прецизиран дополнително.<<