Министерството за Локална Самоуправа на Р. Македонија (НО) тргнувајќи од националните прописи во Р. Македонија, кои ги уредуваат постапките за регистрација и имплементација на проектите финансирани од Европската Унија, ги информира корисниците (бенефициентите) на грантови (финансиски средства) преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, дека веднаш по потпишувањето на договорите со соодветниот договорен орган, треба да пристапат кон Регистрација на проектите во ЦДАД (Централна база на податоци за странска помош) при Секретаријатот за Европски Прашања, како и во Управата за Јавни Приходи - Главна дирекција Скопје (заради добивање на Единствен Даночен Број ЕДБ).
Во прилог подолу можете да ги превземете, Известувањето за начинот и постапката за регистрација, Барањето за регистрација на проектот до СЕП и Упатството за ослободување од царини , акциза и ДДВ при увоз на стока и добра..;
Документи
Известување Izvestuvanje___postapka_za_registracija_na_proektite.pdf (88.98 KB)
Барање на регистрација на проектот CD5_Baranje_registracija.doc (49.5 KB)
Упатство за спроведување на постапка за ослободување од царини, акциза и ДДВ (154.74 KB) Upatstvo_za_osloboduvanje_.pdf (154.74 KB)
Упаство за измена на упатството за спроведување на постапка.. Upatsvano_za_izmenuvanje_i_doplnuvanje_na_upatstvoto.pdf (47.72 KB)