Билтен

Да добивате најновите вести од програмата, ве молиме внесете ја вашата e-mail.

Информативни денови и обуки за Третиот повик за проектни предлози со реф.№ 2007CB16IPO007-2012-3

09.01.13 | 3-ти повик

16 јануари 2013 г., во Благоевград

17 јануари 2013 г., во Штип

Министерството за регионален развој и јавни работи (Управувачки Орган), во соработка со Министерството за локална самоуправа (Национален орган), со поддршка на Заедничкиот Технички Секретаријат (Ќустендил) организираат информативни денови и обуки за потенцијални корисници на Третиот повик за проектни предлози за Програмата за прекугранична соработка CCI Број 2007CB16IPO007, ко-финансирана од Инструментот за претпристапна помош.

Информативните денови и обуки ќе се спроведат на:

  • 16 јануари 2013 г., во 11:00 часот по локално време во Благоевград (Бугарија), хотел "Езерец" Конференциска сала 1, бул. "Пејо Јаворов" бр.2,

          doc.gifAgenda_3_Call_Blagoevgrad.doc (64 KB)

  • 17 јануари 2013 г., во 11:30 часот по локално време во Штип (Македонија), салата на хотелот "Оаза", ул "Маршал Тито" б.б.

         doc.gif2_Agenda_3_Call_Stip.doc (60.5 KB)