Календар

октомври 2022
пн вт ср чт пт сб нд
  1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31  

Билтен

Да добивате најновите вести од програмата, ве молиме внесете ја вашата e-mail.

Заедничката работна група го одобри конечниот нацрт документ на ИПА Програмата за прекугранична соработка 2014-2020

21.08.14 | Begin

Финалниот состанок на Заедничката Работна Група за подготовка на ИПА Програмата за прекугранична соработка 2014-2020 се одржа на 21 август 2014 во “Best Western City Hotel”, Софија, Бугарија. Сесијата на ЗРГ беше насочена кон финализирање и одобрување на документот на програмата.

На средбата присуствуваа мнозинството од  членовите на Заедничката Работна Група, а на почетокот поздравни обраќања одржаа заменик-министерот за регионален развој на Република Бугарија, Јорданка Чобанова, претставникот на Генералниот директорат за регионална и урбана политика во Европската комисија, Ann-Jasmin Krabatsch, претставникот на Министерството за локална самоуправа Бранкица Ристовска и советникот во Амбасадата на Република Македонија во Софија Гоце Георгиевски

По деталната презентација и дискусија на финалниот нацрт на ИПА Програмата за прекугранична соработка 2014-2020 документот  беше едногласно усвоен. Програмата ќе биде доставена за конечно одобрување од страна на Европската комисија пред истекот на рокот на 22 септември 2014