Со цел успешно отпочнување на новата програма за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија за периодот 2014-2020 година, Министерството за регионален развој и урбанизам организира информативен семинар за потенцијалните корисници на Програмата.
Инфо семинарот под наслов "Нов период - нови можности за развој на прекуграничната соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија" ќе се одржи во град Сандански (Интерхотел "Сандански") на 25 февруари 2015 година со почеток од 10 часот.
За учество во информативниот семинар се поканети претставници на потенцијалните корисници од целиот прекуграничен регион - регионални администрации, регионални структури на централните власти, општинските администрации, културни и образовни институции, невладини организации, стопански комори, здруженија и др.
Семинарот ќе биде отворен од страна на г-ѓа Деница Николова, заменик-министер за регионален развој и јавни работи. Потенциалните корисници и засегнатите страни од прекуграничниот регион ќе бидат запознаени со целите, приоритетите, мерките, буџетот и механизмот за оценка на проектни предлози од Програмата за периодот 2014 - 2020. Исто така ќе бидат објаснети условите за аплицирање поврзани со прифатливоста на кандидатите, нивниот правен статус и регистрација, потребата од партнерство помеѓу организации од двете страни на границата и прекуграничниот ефект на проектите. Програмата на семинарот предвидува да бидат претставени и примери за успешни проекти, добра соработка и постигнати резултати во периодот 2007-2013.
За да имаат можност повеќе релевантни институции и организации да присуствуваат на семинарот, бројот на учесниците од една организација е ограничен на двајца претставници.
Заинтересираните можат да го потврдат своето учество преку e-mail: jtsipakyustendil@gmail.com, на телефонскиот број на Заедничкиот технички секретаријат - Ќустендил: +359 78 55 11 83 или по факс: +359 78 55 11 85 не подоцна од 20 февруари 2015 година.