Обука на бугарски јазик по Третиот повик
На 23 јануари 2014 година во просториите на Заедничкиот Технички Секретаријат во Ќустендил се одржа обука на бугарски јазик за бенефициентите чии проекти се финансирани во рамките на Третиот повик за избор на проекти, ко-финансиран од Инструментот за предпристапна помош , CCI 2007CB16IPO007.
Обуката беше фокусирани на имплементацијата на проектите, вклучувајќи ги известувањата за напредокот на проектите, јавните набавки преку PRAG, финансиските извештаи, визуелизацијата и други релевантни прашања и на него присуствуваа представници од сите бугарските бенефициенти.