Програма за прекугранична соработка 2007-2013

Започна оценката на проектните предлози од вториот повик

10.10.11 | Новости

Започна оценката на проектните предлози од Втората покана за предлог проекти на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија, кофинансираната на Инструментот за претпристапна помош.

Во канцеларијата на Заедничкиот технички секретаријат (ЗТС) - Ќустендил, Работната група за оценка (РГО), која вклучува претставници на Управувачкиот орган (МРРБ), Националниот орган (МЛС) и Заедничкиот технички секретаријат ги отворија 122 предлози поднесени пред крајниот рок.

Износите кои што ќе бидат доделени за одделни проекти ќе бидат помеѓу 10 000 евра и 100 000 евра за т.н "Меки мерки" и помеѓу 100 000 евра и 500 000 евра за Инвестициските проекти.

За да добијат финансирање од Програмата, проектните предлози треба да ги исполнуваат критериумите, утврдени во Упатството за аплицирање и да се во согласност со една од двете приоритетни оски: Економски развој и социјална кохезија и Подобрување на квалитетот на живот.