На 23-ти Jануари 2013 година во Струмица, Македонија се одржа Форум за партнерство за Третиот повик за прибирање проектни предлози за Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија, ко-финансирана од Инструментот за претпристапна помош, CCI Број 2007CB16IPO007. Повеќе од 110 бугарски и македонски потенцијални корисници присуствуваа на Форумот и разменија идеи за партнерства и заеднички проекти.
Настанот беше организиран од Заедничкиот Технички Секретаријат за Програмата, во соработка со Министерството за регионален развој и јавни работи, Бугарија (Управувачки Орган) и Министерството за локална самоуправа, Македонија (Национален орган).