На 12 септември 2015 година во организација на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија и Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Србија се одржа прослава на Европскиот ден на соработка 2015. Прославата се одржа на платото пред Драмскиот театар во Ќустендил, Република Бугарија. Официјалните гости на настанот беа: Деница Николова, заменик министер за регионален развој и јавни работи; Амбасадорот на Република Македонија во Република Бугарија г-дин Благој Ханџиски; Амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, г-дин Иван Петков; Амбасадорот на Република Србија во Бугарија г-дин Владимир Ќургус; Радослава Чеканска, заменик гувернер на административниот регион Ќустендил и Петар Паунов, градоначалник на Ќустендил.
Заедничката прослава на двете програми содржеше уметничка програма, со изведба на традиционалните ора од Македонија и Бугарија, како и работилница за млади сликари од Бугарија, Македонија и Србија. Во вториот дел од прославата беше презентирана модна ревија.
Галерија на фотографии од настанот: