Меморандум за разбирање за спроведување на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Македонија потпишаа министерот за регионален развој и јавни работи Росен Плевнелиев и министерот за локална самоуправа Муса Џафери.
Буџетот на програмата за периодот 2007-2011 е 14 277 857 евра и ќе се троши за проекти во две бугарски области - Ќустендил и Благоевград и во три областа на македонска територија - регионите Североисточен, Источен и Југоисточен.
Одржлив развој на пограничниот регион, социјалната кохезија и подобрување на квалитетот на живот се главните цели на програмата, истакна министерот Плевнелиев
Заменик-министерот за регионален развој и јавни Лилјана Павлов рече дека Меморандумот ги утврдува органите вклучени во управувањето со средствата од програмата и ги регулира процедурите за кои средствата ќе бидат искористени. Таа истакна дека веќе се добиени 93 предлог проекти од првата покана за финансирање на програмата и до октомври тие треба да бидат ценети