Програма за прекугранична соработка 2007-2013

Oбука за бенефициентите чии проекти дополнително се финансирани во рамките на Третиот повик

21.05.14 | Begin

На 21 мај 2014 година во просториите на Заедничкиот Технички Секретаријат во Ќустендил  се одржа обука за бенефициентите чии проекти дополнително се финансирани во рамките на Третиот повик за избор на проекти,  ко-финансиран од Инструментот за предпристапна помош , CCI 2007CB16IPO007.

Обуката беше фокусирани на имплементацијата на проектите, вклучувајќи ги известувањата за напредокот на проектите, јавните набавки преку PRAG, финансиските извештаи, визуелизацијата  и други релевантни прашања.