Програма за прекугранична соработка 2007-2013

Оценувачи

Бидејќи Задничкиот Технички Секретаријат ќе биде одговорен само за административната проверка и проверката на дозволивост на предлог проектот, за потребите на техничка (квалитативна) евалуација на проектите ќе бидат ангажирани надворешни оценувачи. По аплицирањето на заеднички усогласена процедура на селекција, Заедичкиот комитет за следење ќе ја одобри листата на оценувачи. Треба да се има во предвид надворешните оценувачи да имаат длабоко познавање и големо искуство во прашањата кои што ги покрива програмата. Во зависност од Повиците за предлог проекти, еднаков број на оценувачи од двете земји ќе склучат договори со Управувачкиот орган за да ја извршат техничката евалуација. Оценувачите ќе потпишат декларација за доверливост и непристрасност.

Процес на оценување:
Сите проекти ќе бидат оценувани според критериумите за евалуација претходно одобрени од Заедничкиот комитет за следење. Оценувањето ќе се одвува во три чекори:

Оценувачкиот процес ќе биде организиран и поддржан од ЗТС. Резултатите од сите оценувачки чекори ќе бидат сумирани во вид на извештај и презентирани на Зедничкиот комитет за следење, за одлука.