Програма за прекугранична соработка 2007-2013

Состанок на Заедничкиот Комитет за следење на Програмата

Почеток: 07.10.13

На 10.10.2013 година во Благоевград ќе се одржи состанокот на Заедничкиот комитет за следење на програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, кофинансирана од Инструментот за претпристапна помош. На седницата ќе бидат предложени за одобрување за финансирање проекти од Третиот повик за предлог проекти.

Од бугарска страна ко-претседател на Заедничкиот комитет за следење е г-ѓа Клементина Денева– главен секретар во Министерството за Регионален развој на Република Бугарија, а од македонска страна г-ѓа Мјелма Мехмети - Петерсен - Државен советник за европска интеграција во Министерството за локална самоуправа, и координатор на ИПА ППС.

На состанокот ќе учествува и г-ѓа Анн – Jасмин Крабач претставник на Главната дирекција "Регионална политика" на Европската комисија.

Проектите предложени за финансирање се во вредност од околу 3 милиони евра, а нивната цел е да се обезбедат можности за заеднички иницијативи и практики за економска и социјална кохезија и подобрување на квалитетот на живот во прекуграничниот регион.