Четврта година по ред во септември 2015 година во цела Европа ќе биде одбележан Денот на европската соработка со спроведување на стотици локални настани. Целта на кампањата, координирана од Европската комисија во соработка со Комитетот на регионите и Европскиот парламент, е да се претстават на пошироката јавност постигнувањата на соработката помеѓу европските држави и региони. Оваа година се слави и 25-годишнината од INTERREG.
Во својство на Управувачки орган на Програмите за прекугранична соработка од Инструментот за претпристапна помош Бугарија - Македонија и Бугарија - Србија Министерството за регионален развој и јавни работи во соработка со Министерството за локална самоуправа на Република Македонија и Канцеларијата за европска интеграција на Република Србија (Национални партнери) организираат одбележување на Денот на европската соработка на 12 септември 2015 година од 13:30 до 16:15 часот пред влезот на Драмскиот театар во градот Ќустендил под наслов "Заедничките граници не прават поблиски" со учесници од Бугарија, Република Македонија и Србија: корисници на програмата, ученици, студенти, граѓани од прекуграничниот регион, претставници на локалните власти и новинари.
Основната идеја на настанот е да се презентираат културата и традициите на трите држави преку презентација на традиционални народни танци и модна ревија. Најмладите учесници – учениците од Ќустендил, Делчево и Сурдулица ќе сликаат за време на настанот, за да создадат една заедничка уметничка творба која ќе ја отелотворува европската соработка.