Програма за прекугранична соработка 2007-2013

Започна оценката за проектни предлози од првиот повик

13.07.10 | Новости

Започна оценката на проектните предлози од Првиот повик за предлог проекти на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и Р. Македонија, кофинансирана од Интрументот за претпристапна помош.

Во новите простории на Заедничкиот Технички Секретаријат во Ќустендил, Работната група за оценка ги отвоти поднесените 93 предлог проекти.

Сумата за грантовите изнесува помеѓу 10 000 евра и 300 000 евра.

Проектите кои што ќе добијат средства треба да одговараат на критериумите опишани во Насоките за аплицирање и да се во согласност со една од двете приоритетни оски: Економски развој и социјална кохезија и Подобрување на квалитетот на живот.