На 9 декември во Софија се одржа техничка средба на нашата ИПА Програма за прекугранична соработка.
На средбата присуствуваа претставници на Управувачкиот орган, Националниот орган и Заедничкиот технички секретаријат. За време на средбата беа спроведена презентации и дискусии на нацртот на описот на функции и процедури за Управниот орган (системот за управување и контрола на Програмата за периодот 2014-2020 година) и нацртот на Меморандумот за разбирање за периодот 2014-2020 година.
Исто така беа разгледани и други прашања во врска со новиот програмски период и беше претставена состојбата и спроведувањето на проектите за програмскиот период 2007-2013 година.