Програма за прекугранична соработка 2007-2013

Регионален Консултативен Форум - Куманово

01.03.14 | Begin

Регионален Консултативен Форум - Куманово

Серијата од првите три регионални консултативни форуми заврши во Куманово  на 28 февруари во ресторанот НАМА. На овој форум земаа учество над  40-тина претставници на локалните самоуправи, училиштата, невладиниот сектор од Североисточниот плански регион. На почетокот  г-ѓа Бранкица Ристовска претставникот на Министерството за локална самоуправа  ги поздрави присутните, а  потоа раководителот на ЗТС г-динот Николај Дочев ја претстави состојбата на програмата за периодот 2007-2013.  Резултатите од анализите  и предложените тематски приоритети беа  презентирани од страна на експертот за планирање г-ѓата Јасминка Тасева Јанковиќ од Конзорциумот за Проектно Планирање и Управување ангажиран по договор за услуги за подготовка на идната IPA II прекугранична програма.