На 19 јануари 2010 година во просторите на Министерството за регионален развој и јавни работи во Софија се одржа Заедничка техничка средба за Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија.
На средбата беа разгледани Меморандумот за разбирање помеѓу двете држави и претстојната процедура за разработка и одобрување на системите на управување и контрола на Пограмата.
На средбата свое учество земаа претставници на Управувачкиот орган - Главната Дирекција „Управување на територијалната соработка" при МРРБ на Република Бугарија, Националниот орган - Министерството за локална самоуправа на Република Македонија и Секретаријатот за Европски прашања на Република Македонија, како и г-ѓа Натали Вершелд претставник на Главната дирекција „Регионална политика" на Европската комисија.