Управувачкиот орган (УО) ги известува сите заинтересирани лица на 14 декември истече крајниот рок за поднесување на проектни предлози на првата покана за проектни предлози на ИПА Програмата за прекугранична соработка. Во канцелариите на Заедничкиот Технички Секретаријат во Ќустендил и Струмица во рамките на предвидениот рок беа поднесени 93 проектни предлози.
Управувачкиот орган изразува благодарност до сите кандидати за пројавениот интерес и поднесените проектни предлози.
Управувачкиот орган се обраќа до сите заинтересирани лица да ги споделат своите впечатоци и да дадат препораки и мислења по однос на Упатството за аплицирање, Формуларот за аплицирање и останатите документи, како и по однос на организирањето на ннформативните настани и обуки. Сите ваши предлози и сугестии ќе бидат разгледани и ќе бидат исклучително полезни за УО при оптимизирање на процесот на аплицирање во следните повици за проектни предлози.
Ги очекуваме Вашите препораки на следната адреса: tcm_exbd@mrrb.government.bg