Програма за прекугранична соработка 2007-2013

Завршија информативните денови за Првата покана по новата Програма 2014-2020

03.11.15 | Begin

Успешно заврши серијата на информативни денови за потенцијални кандидати за првиот Повик за проектни предлози на Програмата за прекугранична соработка Интеррег-ИПА Бугарија-Македонија.

Обуките се одржаа според следниов распоред:

Обуките беа организирани и спроведени од Заедничкиот секретаријат во соработка со Управувачкиот орган на програмата - главна дирекција "Управување на територијалната соработка", Министерство за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија.

Над 380 учесника присуствуваа на сесии за обука, меѓу кои беа претставници на општини, регионални администрации, НВО, образовни и културни институции. Целта на спроведените обуки беше да се разјаснат на потенцијалните кандидати основните барања за развој на предлог проект и да им бидат дадени практични совети за подготовка на сите документи за аплицирање, вклучително и буџетот на предлог проектот.

За сите заинтересирани лица потсетување  дека крајниот рок за предавање на проектните предлози е 25-ти јануари 2016 година, 16:00 часот по Бугарско време, на адресата на Заедничкиот секретаријат: ул. Марин Дринов бр.7, Ќустендил, Бугарија.

Прашањата од кандидатите можат да бидат поставувани до 21 ден пред крајниот рок, а одговорите ќе бидат објавени до 11 дена пред крајниот рок.