Програма за прекугранична соработка 2007-2013

1-ви повик за проектни предлози

 Бугарија - поранешна Југословенска Република Македонија
ИПА Програма за прекугранична соработка

Министерство за регионален развој и урбанизам на Република Бугарија
(Управувачки Орган)

во соработка со

Министерство за Локална самоуправа на поранешна Југословенска Република Македонија
(Национален орган)

објавуваат повик за проектни предлози за промоција на прекуграничната соработка помеѓу Бугарија и Македонија со финансиска помош од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и поранешна Југословенска Репоблика Македонија.

Вкупната сума на средства кои што се на располагање за овој Повик за предлог проекти е 4 131 652 ( = 1836290+2295362) Евра за двете земји партнери. Проектните предлози мора да се однесуваат на една од следните две приоритетни области:

  1. Економски развој и социјално зближување
  2. Подобрување на квалитетот на живеење.

Општата цел ќе биде подобрување на способноста на локалните и регионалните власти да развијат и реализираат заеднички проект во рамките на граничниот регион во следните бугарски територијални единици според НУТС 3 нивото: Благоевград и Ќустендил и Македонските НУТС 3 статистички региони: Североисточен, Источен и Југоисточен.

Насоките за аплицирање и целиот апликационен пакет е достапен на следните веб страници: http://www.ipa-cbc-007.eu/ , http://www.mrrb.government.bg/, и http://www.mls.gov.mk/.

Крајниот рок за поднесување на предлог проектите е 14 Декември 2009, до 16:00 часот, на адресата која што е напишана во Насоките за аплицирање на овој Повик за предлог проекти. Информативни денови за овој Повик за предлог проекти ќе бидат одржани во Бугарија и Македонија. Датумите и локацијата  за одржување на овие денови ќе бидат објавени  на следните веб страни http://www.ipa-cbc-007.eu/, http://www.mrrb.government.bg/, http://www.mls.gov.mk/.

Контакт за дополнителни информации: ЗТС Ќустендил: +389 78 55 11 83 mailto:jtsipakyustendil@gmail.com

Документи: 

Повик за проектни предлози pdf.gifCall_for_proposals.pdf (93.1 KB), македонски ез.
Насоки за аплицирањеpdf.gifApplication_Guide.pdf (807.58 KB), македонски ез.
ANNXES OF GUIDE:rar.gifAnnexes_BG_MK.rar (83.7 KB)англ. ез., (ново!-добавен образец на резюме на проекта)
Application formrar.gif1_AF_IPACBC007_project_acronym_final.rar (2.9 MB)англ. ез., (ново! 27.11.2009)
Прашања/Одговори во врска со 1-ви повик за проектни предлози, част 1pdf.gifQuestions.pdf (239.58 KB), македонски ез.
Прашања/Одговори во врска со 1-ви повик за проектни предлози, 05-11-2009 , част 2pdf.gifQA_part2_final_.pdf (337.36 KB), македонски ез.
Прашања/Одговори во врска со 1-ви повик за проектни предлози, част 3pdf.gif1_Q_A_part3_final.pdf (442.04 KB), македонски ез.
Прашања/Одговори во врска со 1-ви повик за проектни предлози, част 4pdf.gif1_QA_part4_final.pdf (363.82 KB), македонски ез.