Програма за прекугранична соработка 2007-2013

Пример за пополнување на тендерската документација

02.10.14 | Begin

Поради идентификуваните грешки и пропусти од страна на Управувачкиот орган во процесот на верификација на тендерски процедури за услуги со еден понудувач,  Заедничкиот технички секретаријат изготви пример на тендерско досие.

Ова досие не е задолжително да се користи, но сметаме дека ќе им биде од помош на корисниците на грант при изготвување на тендерската документација.

Во продолжение следат најчестите пропусти поврзани со тендерските процедури за услуги со еден понудувач, идентификувани од страна на контролорите за Прво ниво на контрола, Управувачкиот орган и Второ ниво на контрола (Ревизорскиот орган), кои се прават од страна на бугарските партнери (но еднакво се присутни и кај останатите партнери):

-          Потпишување договор со понудувач кој не е во согласност со барањата утврдени во тендерската документација

Ова прекршување на евалуација на тендерот и потпишување на договор за јавна набавка ќе биде основа за финансиска корекција. Корисниците на грант треба да  обрнат поголемо внимание на двете дефиниции за селекција и критериуми за избирање изведувач и други барања во фаза на изработка на тендерската документација, како и за оценката за усогласеност на тендерот со овие барања и критериуми.

-          Покана до фирма, која не кореспондира со предметот и целта на договорот

Согласно ПРАГ, за тендерски постапки со еден понудувач, корисниците на грант треба да го користат образецот - Извештај за преговарање за тендерска постапка со еден понудувач (ПРАГ анекс a10b). Корисниците на грант треба да ги оправдат критериумите, основата и начините за избор на потенцијалните учесници. Оваа информација е важна за проверка на усогласеноста на тендерите кои ги спроведувате со принципите за јавни набавки. Ве молиме, да имате предвид дека дејноста на поканетата/-ите фирма/-и треба да одговара на задачите што и/им се доделени, и треба да го поседува/-аат потребниот капацитет за спроведување на овие задачи.

 

 Примерот за пополнување на тендерската документација. може да го најдете ТУКА