Програма за прекугранична соработка 2007-2013

Заеднички Технички Секретаријат (вклучувајќи го и подрачниот ЗТС)

Правна основа за воспоставување и работа на Управувачкиот Орган:

РЕГУЛАТИВА НА КОМИСИЈАТА (ЕК) Број 718/2007 од 12 Јуни 2007 воспоставувајќи го Инструментот за пред пристапна помош (ИПА)
Член 102 - назначување на органи

Управувачкиот орган го поставува Заедничкиот Технички Секретаријат. Тој е лоциран во Ќустендил, Република Бугарија. ЗТС има подрачна канцеларија во поранешна југословенска Република Македонија која е лоцирана во Струмица. ЗТС (вклучувајќи ја и подрачната канцеларија како дел од ист орган) имаат еднаков број на експерти од секоја од земјите учеснички во програмата кои што склучуваат договор со УО.

ЗТС му помага на Управувачкиот Орган и на Заедничкиот Комитет за следење на програмата и му помага , каде што е соодветно и на Органот за потврдување и Органот за ревизија во извршување на нивните обврски. ЗТС исто така зема учество во подготовката и извршувањето на одлуките на Заедничкиот Комитет за Следење и извршува редовни обврски на секретаријат. ЗТС е посебно одговорен за следните задачи:

Годишниот работен план на Заедничкиот Технички Секретаријат мора да биде одобрена од Заедничкиот комитет за следење. Заедничкиот Технички Секретаријат ќе биде финансиран од буџетот за Техничка подршка.

Персоналот на Заедничкиот Технички Секретаријат ќе биде вработен на база на договор со Управувачкиот Орган.

Заедничкиот Технички Секретаријат ќе има меѓународен персонал од земјите партнери. Бројот и квалификациите на персоналот ќе одговара на задачите дефинирани погоре.