Програма за прекугранична соработка 2007-2013

Обука за македонските корисници чии проекти ќе бидат дополнително финансирани во рамките на третиот повик во Струмица

12.09.14 | Begin

На 11 септември 2014 година во Струмица, се одржа обука за македонските корисници за имплементација на проекти дополнително финансирани од  третиот  повик за избор на проекти, ко - финансирани од Инструментот за претпристапна помош, CCI 2007CB16IPO007.

Обуката беше спроведена во  Заедничкиот Технички Секретаријат -  Антена   Струмица и беше фокусирана врз спроведувањето на проектите, вклучувајќи го и известувањето за напредокот на проектот, набавки  преку ПРАГ, финансиско известување, визуелизација и други релевантни прашања.