Програма за прекугранична соработка 2007-2013

Заеднички Комитет за следење

Правна основа за воспоставување и работа на ЗКС:

РЕГУЛАТИВА НА КОМИСИЈАТА (ЕК) Број 718/2007 од 12 Јуни 2007 воспоставувајќи го Инструментот за пред пристапна помош (ИПА)
Член 87 - Партнерство
Член 102 - Назначување на органи;
Член 110 - Заеднички Комитет за следење;

Заедичкиот комитет за следење беше поставен три месеци по одобрување на програмата и се состои од преставници именувани од двете земји учеснички во програмата врз основа на партнерски принцип. ЗКС се состанува минимум два пати годишно на иницијатива на земјите учеснички или на Комисијата и е ко-претседаван од Управувачкиот Орган и Националниот Орган (на поранешна југословенска Република Македонија). Преставник (ци) на Европската Комисија или други релевантни тела учествуваат во работата на ЗКС во својство на советници.

ЗКС е одговорен за следните задачи:

Сите операции ќе бидат избрани преку единствен повик за предлози покривајќи го целиот дозволен регион. Заеднички операции надвор од повикот за предлози можат исто така да бидат препознаени во секое време по усвојувањето на програмата со одлука донесена од Заедничкиот Комитет за Следење;

Деталите околу составот, претседавачот и донесувањето на одлуките на Заедничкиот Комитет за следење ќе бидат утврдени со правилата за процедури на ЗКС, вградени во спогодбата со Управувачкиот Орган и усвоени од ЗКС. Одлуките ќе бидат донесувани со консензус.